Чалгии и сатира вечерва на ,,Културно лето Карпош 2017,,

,,Културно лето Карпош 2017,,

Покрај забавата со ,,Супер Скопје,, што започнува вечерва, продолжува и забавата со Културното лето во Карпош. На програмата на Културното лето во Карпош вечерва граѓаните ќе се забавуваат со звуците на чалгиите, а ќе ги забавува и комичарот Војче Китановски.

 

Вечерва во рамки на Карпошовото културно лето на платото на Т.Ц. Лептокарија, Филип Шурбевски - Езгија трио ќе ги забавуваат љубителите на звуците на чалгиите. За почитувачите на сатирата, ќе настапи легендарниот македонски комичар Војче Китаноски. Забавата во Карпош продолжува и викендов каде во сабота следува ноќ а перкусии со Никола Тони, како и изложба на фотографии на Филип Зафировски, а во недела ќе има авторска вечер на Сузана Турунџиева насловена ,,Мојот Карпош. Повеќе од две седмици, карпошани ќе уживаат во музичките перформанси, културно - уметничките изведби, ликовни презентации кои се дел од оваа летна културна манифестација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.