Се гради потпорен ѕид во Козле

Потпорен ѕид во Козле

Со цел обезбедување на поголема безбедност на жителите, во Козле се гради потпорен ѕид во должина од 45 метри, а за овозможување на пристап до своите домови општината гради и крак на улицата Ловќенска во должина од 70 метри.

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска направи увид во градежните работи за поставување на потпорен ѕид и пробивање на крак од улицата Ловќенска во населбата Козле. Потпорниот ѕид во должина од 45 метри кој се наоѓа во завршна фаза на изработка, треба да го реши 65 годишниот проблем со надојдените атмосферски води и свлечишта, со кој се соочуваат жителите од овој реон. Новопроектираната улица во должина од 70 метри, треба да им овозможи директен пристап на граѓаните до своите домови, нешто што досега не им беше овозможено, истакна градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски, и нагласи дека се работи за многу тежок терен со голема стрмнина и голема опасност врз куќите кои се наоѓаат во овој дел од општината.

 

Првиот човек на локалната самоуправа, Јакимовски, посочи дека за реализација на овој проект, првенствено Општина Карпош морала да донесе нов корегиран детален урбанистички план, според кој ќе може да вцрта нов пристапен влез во корист на жителите од оваа локација.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.