Замена на азбестните покриви во Тафталиџе 2

Замена на азбестни покриви

Општина Карпош обезбеди финансиска помош за промена на азбестните кровови на индивидуалните објекти за домување. Општината ги плаќа трошоците за набавка на материјалот, додека граѓаните имаат обврска да обезбедат средства за работна рака.


Сопствениците на објект за индивидуално домување, на ул. Бањалучка бр.13 во населба Тафталиџе 2 ќе добијат нов покрив во должина од 172 м2. Досегашните дотраени салонитни азбестни табли ќе бидат заменети со висококвалитетен бел ребраст лим, кој за нив го донираше Општина Карпош. По тој повод денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, направи увид во градежните работи на оваа локација, при што информираше дека набавката на новиот лим за оваа куќа општината ја чини 75 000 денари.

 

Првиот човек на Општината посочи дека новиот лим ги задоволува современите градежни стандарди, што во моментов се применуваат ширум светот и затоа, локалната самоуправа планира да ги замени сите азбестни покриви на своја територија до 2020 година. Ова е 37ма куќа кај која се реконструира стариот покрив, а единствен услов е граѓаните од сопствен буџет да ги покријат трошоците за монтажа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.