Се гради детска градинка во населбата Бардовци

Детска градинка во Бардовци

Жителите на населбата Бардовци ќе добијат детска градинка. Градинката која се гради во дворот на ОУ ,,Аврам Писевски,, ќе биде со капацитет за 120 деца, на површина од 520 м2.

 

Во дворот на ОУ ,,Аврам Писевски,, во населбата Бардовци се гради детска градинка која ќе ги згрижува децата од оваа населба, па родителите нема да треба да ги носат децата во градинки во други населби. Детската градинка се гради на површина од 520 м2, а ќе има капацитет да згрижи 120 деца. Средствата за оваа инвестиција изнесуваат над 24 милиони денари од кои 7,3 милиони денари се обезбедени во соработка со Светска Банка преку ИПА фондовите, а останатите од Буџетот на Општина Карпош. Ова е 11 објект на детска градинка на територија на Општина Карпош, а како што истакна градоначалникот Стевчо Јакимовски, целта е секое населено место да има детска градинка и децата да одат во градинка во местото во кое живеат.


Градинката која треба да биде изградена за една година ќе има вкупно четири занимални, заеднички гардероби и тоалети. Ентериерот во целиот објект е според сите важечки градежни и архитектонски норми. Објектот ќе има капацитет за 120 деца на возраст од 2 до 6 години. Децата според возраста ќе бидат распоредени во 4 возрасни групи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.