Заврши турнирот на песок за основците од Карпош

Турнир на песок во одбојка

Традиционалниот турнир на песок во одбојка за ученички од основните училишта од општина Карпош, кој оваа година се организира по четврти пат денеска заврши со победа на одбојкарките од ОУ Владо Тасевски. Покрај медалите и пехарите најдобрите ученици- спортисти од општината, добиваат и бесплатни летувања, како и стипендии.

 

Денеска на песочниот терен кој се наоѓа во рамки на Спортскиот Центар Никола Карев се играше финалниот натпревар во одбојка на песок за ученичките од основните училишта во општина Карпош. Турнирот веќе четири години традицонално се одржува на почетокот на учебната година, пред самиот почеток на уличишните лиги. Како што не информираше раководителот на одделението за култура и спорт на општина Карпош, Патрик Поповски победниците од одбојкарскиот турнир, како и од турнирот за фудбал на песок во машка конкуренција ќе бидат соодветно наградени со пехари, медаљи и дипломи, а нема да изостанат ниту стипендиите и бесплатните летувања кои ги организира локалната самоуправа.

 

Најдобри на турнирот беа одбојкарките од ОУ Владо Тасевски, откако ги совладаа ученичките од Војдан Чернодрински со резултат од 2-1 во добиени сетови. На турнирот учество земаа вкупно осум училишта од територијата на Општина Карпош.

 

Од општината велат дека постојаното вложување во спортот, дава видливи резултати а тоа се гледа по големиот број освоени награди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.