Започнаа 9-те спортски училишни лиги во Карпош

Спортски училишни лиги во Карпош

Денеска во спортската сала Форца официјално започнаа 9-те по ред спортски училишни лиги во Општина Карпош во кои учество ќе земат над 400 ученици од сите десет основни училишта од оваа општина. Учениците во текот на целата учебна година ќе се натпреваруваат во фудбал, одбојка, кошарка, ракомет, тенис и шах.

 

Основците од училиштата од територијата на општина Карпош ќе се натпреваруваат во кошарка, одбојка, фудбал, ракомет, шах и други спортови на 9-те училишни спортски лиги за 2017/2018 година кои официјално започнаа денеска во спортската сала Форца.


На денешното свечено отворање присуствуваа учениците-учесници од 10-те основни училишта на територија на општината кои ќе си ги одмерат силите во повеќе спортови во текот на целата година. Спортската манифестација, која се одржува по девети пат, е поттик за секое дете да инвестира во својата иднина и во здравиот живот, како и можност да го докажат својот талент.


Натпреварите од спортските училишни лиги ќе се играат во текот на целата учебна година, а на крајот од лигите ќе се доделат наградите за најдобрите и најталентирани ученици како што се спортските стипендии и еднонеделните спортски екскурзии, кои досега беа во Тиват на Јадранското море и во кампот Скураз на Егејското море.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.