Ново паркиралиште за велосипеди

Паркиралиште за велосипеди

Во паркот спроти студентскиот дом Гоце Делчев денеска беше промовирано уште едно паркиралиште за велосипеди во рамки на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“.

 

Под мотото „Вклучи се за здрава животна средина!“ денеска во паркот спроти студентскиот дом Гоце Делчев, во Карпош беше промовирано паркиралиште за велосипеди.


Вело-островот е донација на Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“- Гевгелија.


Како што информираат организаторите, целта е да се придонесе кон намалување на аерозагадувањето и бучавата, а воедно да се придонесе кон поздрава и почиста животна средина, која е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година.


Во рамки на промоцијата, на првите 100 учесници им беа поделени флексибилни ленти и беџови брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина.


За значењето на животната средина, и убавината да се вози велосипед, зборуваа и дечињата од основното училиште Јан Амос Коменски.


Настанот е дел од активностите на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“. Финансиран е во рамки на програмата за акциски грантови на невладината организација Цивика мобилитас.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.