Реконструирано ОУ "Братство" во Горно Нерези

ОУ "Братство" во Горно Нерези

Комплетно се реконструира стариот објект на ОУ "Братство" во Горно Нерези. Реконструкцијата на училиштето кое е изградено уште во 1937 година, опфаќа нови клупи и столчиња, како и основни учебни помагала.

 

Комплетно е реконструирано подрачното основно училиште "Братство" во Горно Нерези, кое е изградено во 1937 година од жителите на ова место. Во текот на целосната реконструкција на училиштето беа заменети покривната конструкција, поставени се нови потпорни ѕидови, заменети се прозорците и вратите, а комплетно е уреден и внатрешниот дел на училиштето, додека пак на надворешниот има само минимални интервенции со цел да се задржи автентичниот изглед на стариот објект. Во ова училиште настава посетуваат само седум дечиња.

 

На своите училишни денови денеска се потсети и еден од најстарите ученици во ова основно училиште, кој вели дека во негово време, во училиштето учеле голем број на ученици, за разлика од денеска. Сепак, новиот изглед на училишето ги враќа надежите кај локалните жители, дека со тек на време ќе се зголеми и бројот на ученици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.