Спортски настан „Снегот е радост- скијањето е живот“ во општина Карпош

„Снегот е радост- скијањето е живот“

На игралиштето „Сокол“ во УЗ Карпош 1, денеска се одржа промоција на скијањето како олимписки спорт, во организација на Ски Клуб “Меденица”, под мотото  „СНЕГОТ Е РАДОСТ – СКИЈАЊЕТО Е ЖИВОТ“.


Овој настан е дел и од официјалната Програма за деца на Интернационалната скијачка федерација како и пресрет на Зимските Олимписки Игри кои ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореја, од 09-ти до 25-ти февруари  претстојната година.


Своја поддршка на спортот и развивањето на спортскиот дух кај најмладите даде и општина Карпош. Градоначалникот Стефан Богоев нагласи дека општината размислува за воведување и зимување на некое од зимско рекреативните центри во Македонија, со цел, да ги поттикне најмладите да спортуваат.


Целта на ова еднодневно спортско дружење, според организаторите е да ги обедини учениците од основните училишта во Општина Карпош и да ги поттикне на индивидуални и екипни спортови кои придонесуваат да се развиваат здравите навики кај младите, но и да се стекнат вештини и способности кои се корисни во секојдневието.

 

На денешното спортско дружење, кое беше од отворен карактер, учество земаа голем број деца, кои од најмала воздраст имаат допирна точка со скијањето.


Вредностите со кои би се стекнале учениците доколку се бават со скијачкиот спорт: јакнење на самодовербата, натпреварувачкиот дух, желбата да се успее.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.