Лицата со посебни потреби од Карпош добија финансиска помош од општината

Општина Карпош

Општина Карпош ја продолжува традицијата за доделување еднократна парична помош на лица со попреченост кои живеат во оваа општина. Градоначалникот Стефан Богоев изјави дека општината нема само на овој ден да им помага со еднократна помош, туку проблемите на овие лица ќе се решаваат системски.

 

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, а под мотото ,, Трансформација кон одржливо и еластично општество за сите,,, Општина Карпош по 7-ми пат оваа година додели еднократна парична помош од 4.000 денари на 120 граѓани, лица со попреченост кои живеат на територија на Општина Карпош. Градоначалниот Стефан Богоев истакна дека заложба на општината е да се грижни во текот на целата година за овие лица, а не само на одбележувањето на Меѓународниот ден и потенцираше дека проблемите кои ги имаат лицата со посебни потреби треба системски да се решаваат. Богоев потенцираше дека меѓу приоритетите, ќе биде подготовка на сеопфатен регистар во кој ќе бидат наведени сите лица со попреченост во Општина Карпош.


Општина Карпш се труди на овие лица да им помогне во нивните реални потреби и колку е можно повеќе да ги вклучат во пазарот на труд. Таков е случајот со една жителка на Општина Карпош на која ќе и биде обезбедено вработување веднаш по дипломирањето.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.