Акција за расчистување на отпадот во општина Карпош

Акција за чистење на Карпош

Големата акција за чистење на Скопје денеска и в сабота ќе се реализира во општина Карпош. На пет локации ќе се расчистува шутот, депониите и ќе се собираат сувите лисја.


Ќе се чисти зад ресторанот „Македонска куќа“ под мостот Газела, од страната на населеното место Злокуќани, мостот кај вливот на Лепенец во Вардар, во Жданец, на улицата „Теодосија Синаитски“ каде ќе се отстрануваат камења и шут, како и каналот за одвод на атмосферски води меѓу Трнодол и Жданец.


Во акцијата на Град Скопје се вклучени механизација и човечки ресурси од градските власти и од општината. ЈП „Паркови и зеленило“ во акцијата се вклучи со шест специјализирани возила за транспорт на лисјата, a ЈП „ Улици и патишта“ ги крпат ударните дупки на поголемите градски улици, на станбените и сервисните улици во општина Карпош. ЈП „Градски паркинзи“ работи на расчистување на нивните паркиралишта кај Градската општа болницата „8 Септември“ и кај тенискиот клуб „АБЦ“, додека ЈП „Водовод и канализација“ работат на расчистување на сливниците и помагаат во транспортот на собраните лисја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.