Донирани прочистувачи на воздух во градинките во Карпош

Прочистувачи на воздух за градинки во Карпош

Две градинки од општина Карпош добија три прочистувачи на воздух, донација од општината. Градоначалникот Стефан Богоев при предавањето на донацијата, истакна дека во наредниот период, ќе се потрудат со домаќинско работење на овозможат набавка на вакви прочистувачи за сите градинки во општина Карпош.


Градинките „Мајски цвет” во Тафталиџе 2 и „Орце Николов” во Карпош 2 се првите две предучилишни установи во Општина Карпош на кои им се донирани јонизатори (прочистувачи на воздух), наменети за најмалата група деца-јасли. Донацијата на локалната самоуправа, денеска ја врачи градоначалникот Стефан Богоев кој нагласи дека дарувањето три прочистувачи на воздух во две градинки на територија на Општина Карпош ќе овозможи поздрава животна средина за дел од најмладите жители од Општината.


Селекцијата на градинките во кои е дадена донацијата е врз основа на опфатот, бројката на деца во најмалите групи – јасли во овие градинки и приоритетната потреба од нив. Меѓу другото, во градинката „Орце Николов” во Карпош 2 неодамна се појави вирусот „коксаки“ кој предизвикува здравствени проблеми кај децата.Иако, во меѓувреме ситуацијата е стабилизирана, Советот на Општина Карпош, во насока на зголемена превенција и заштита на децата, одлучи еден од јонизаторите да биде дониран токму во градинката во Карпош 2.

 

При денешната посета на градинките, Богоев се запозна и со најчестите проблеми со кои се соочуваат вработените во овие установи за згрижување и нега на децата, при што нагласи дека општината дека општината ќе работи на подобрување на условите за престој во градинките, што подразбира замена на старите играчки со нови, изработени од еко материјали.

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.