Стоп за фрлањето отров за кучињата во Карпош

Tруење на кучиња во Карпош

На територија на Општина Карпош се отруени неколку кучиња како последица на оставен отров од страна на несовесни сограѓани. Општината најостро го осудува овој нечовечки чин на труење на уличните кучиња и миленици, информираат од општина Карпош.


- Локалната самоуправа решително пристапи кон решавање на овој актуелен проблем кој не засега сите. За таа цел веќе утрово стапивме во комуникација со ПС Карпош со кои е договорено заеднички да делува на терен, што подразбира мапирање на откриените отрови, нивно отстранување и идентификација на сторителите, велат од општина Карпош.


Исто така, службите за хигиена и комуналните редари на Општината добија дополнителна обврска за засилена контрола и отстранување на отровите кои се расфрлани на јавен простор, односно во парковите, зелените површини и околу зградите.


Општина Карпош апелира до сите граѓани на разумно однесување и зголемена грижа за милениците. Како локална самоуправа сме во процес на изнаоѓање на трајно и хумано решение, како за зголемена безбедност на граѓаните, така и за заштита на уличните кучиња и домашните миленици.


Од општината велат дека расфрлените отрови се директна закана за милениците, но и потенцијална опасност за децата и за сите карпошани. Труењето на кучињата ќе биде строго санкционирано согласно важечката законска регулатива.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.