За основците од о. Карпош антикорупциска едукација

Антикорупциска едукација за основци

Во о. Карпош се одржа четвртата седница, а советниците расправаа на седумнаесет предлог- точки. Советниците едногласно ја прифатија програмата предложена од страна на Министерството за образование и наука, именувана како "Програма за антикорупциска едукација на основците" во сите основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.


Станува збор за проект со кој ќе се образуваат учениците од осмо и девеетто одделение по предметот "Граѓанско општество" и кој ќе ги опфати сите училишта во Република Македонија.


Советниците ја прифатија одлуката за проширување на обемот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2017 година.


Во четирите детски јавни установи кои се наоѓаат на териротија на Карпош, "Мајски Цвет", "Орце Николов", " Пролет", и "Распеана Младост", се разрешија досегашните членови во управните одбори и се именуваа нови. Исто така, се усвоија заклучоците на програмата за изменување и дополнување на годишната програма за работа на ООУ "Аврам Писевски", "Братство", "Вера Циривири Трена", "Владо Тасевски", "Војдан Чернодрински", како и на училиштата "Димо Хаџи Димов", "Јан Амос Коменски", "Лазо Трповски", "Петар Поп Арсов", и "Христијан Тодоровски- Карпош". На оваа седница по барање на досегашниот член на Одборот на директори во Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб "Карпош Соколи 2000 АД Скопје", Марјан Огњановски беше разрешен од оваа позиција со одлука на Советот на Општина Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.