Жителите на Тафталиџе дури утре ќе добијат вода поради сериозноста на дефектот кај „Веро“

Тафталиџе без вода

Граѓаните во населбата Тафталиџе кои поради дефект немаат вода, ќе добијат вода во текот на утрешниот ден во претпладневните часови. 


Јавното претпријатие „Водовод“ соопшти дека на дефектот на булеварот „Теодосиј Гологанов“ спроти „Веро“ ќе се работи и во попладневните и во вечерните часови и оти се очекува тој да биде саниран, а водоснабдувањето да биде нормализирано во текот на утрешниот ден во претпладневните часови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.