Средба на Богоев со командирот на ПС ,,Карпош,, за поголема безбедност во општината

Средба на Богоев со командирот на ПС ,,Карпош,,

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев придружуван од претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев и советникот Филип Даскаловски денеска ја оствари првата раотна средба со новиот командир на Полициската станица Карпош, Владо Симјановски.


На средбата меѓу градоначалникот Богоев и командирот Симјановски се разговараше за зголемување на безбедноста на граѓаните во Карпош, при што беа истакнати повеќе клучни точки или делови од Општината каде што е потребно зголемено присуство на полицијата, како и координирани акции со општинските инспектори и комунални редари.


Како една од првите критични локации е посочен Кејот на реката Вардар. Станува збор за мостот “Газела”, каде што честопати се создава депонија (т.н. сметлиште) од страна на локалното население.


 За да се обезбеди поголема контрола на овој потег кој најчесто се злоупотребува за фрлање отпад,  во фаза на договарање е координирана акција меѓу Општината и Полициската станица Карпош, во која ќе бидат санкционирани сите оние кои го загадуваат потегот долж реката Вардар.


Исто така, Богоев напомена дека мора да се врати редот околу градилиштата во Општината.


  Инспекторите на Општината се често на терен и го спроведуваат законот, но ставот на Општина Карпош е дека е потребна асистенција и на сообраќајната полиција, и тоа присуство на барем две патроли, една која би ги контролирала градежните активности во Тафталиџе и на ул. “Прашка”,  и втора на крајот на бул. “Илинден”, со цел да се справат и да го спречат загадувањето кое се прави од градежната механизација, рече Богоев.


 
Освен тоа, на пролет и во летниот период од годината, забележително е нарушувањето на јавниот ред и мир во повеќе населби во Карпош. За оваа цел, Општината предвидува да ангажира лица кои во одреден период од денот ќе ги чуваат игралиштата, платоата, плоштадите и скверовите во Карпош, со што ќе се обезбеди поголема безбедност на овие места. Овие патроли ќе овозможат и зачувување на урбаната опрема која често пати се оштетува од страна на несовесни посетители.


 Командирот Симјановски посочи дека Полициската станица е подготвена да помогне во обуката на патролите, нивна едукација и поддршка.


 Полициската станица Карпош е во процес на зголемување на своите капацитети од сите аспекти. Покрај соодветната опрема, ќе се ангажираат и дополнителни полицајци кои ќе обезбедуваат почитување на законите и зголемена безбедност на карпошани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.