Одбележани 74 години од смртта на Кузман Јосифовски - Питу

74 години од смртта на Питу

Општина Карпош и Сојузот на борците на Македонија одбележаа 74 години од смртта на народниот херој, еден од главните организатори на антифашистичкото движење, Кузман Јосифоски – Питу.


Во присуство на членови на фамилијата на Кузман Јосифоски – Питу, борци од Народно ослободителната борба (НОБ), советници, граѓани и организации, се одржа пригодна програма пред спомен обележјето, во населбата Козле.


Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ја истакна важноста на улогата на Кузман Јосифоски во антифашистичкиот период и неговиот придонес во народно – ослободителна борба. Богоев се осврна и на фактот дека постои вистинска потреба од драстично подобрување на односот кон Сојузот на борци на Македонија.

 

Свое обраќање имаше и проф. д-р Трајко Стаматовски, претседателот на Градскиот одбор на СБМ – Скопје.


Стаматовски говореше за раниот живот на Кузман, истакнувајќи дека тој беше најсветлата ѕвезда на македонското револуционерно небо.


Присутните имаа можност да слушнат за студентските денови на Питу кој бил голем интелектуалец, а жарот за слобода и неговата предаденост на идејата за подобар живот на македонскиот народ ја покажувал и низ факултетските аули.


Во насока на негување на споменот и сеќавање на Кузман Јосифоски, се одржаа и литературни читања од ученици од основното училиште “Владо Тасевски” од Карпош. Главен мотив беше делото и мисијата на Кузман, како и на борците кои биле дел од НОБ.

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.