Донирани пет прочистувачи на воздух во градинката ,,Пролет,, во Влае

Прочистувачи на воздух

Пет прочистувачи за воздух денеска беа донирани во детската градинка ,,Пролет,, во Влае од страна на компанијата Лукоил. Ова е втора донација за градинката од општествено одговорна компанија, а како што информираат од Општина Карпош преку донации покриенни се 30-40% од вкупните потреби за снабдување со прочистувачи на воздух.

 

Повикот на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, општествено одговорни фирми и компании да донираат прочистувачи на воздухот, во градинките и училиштата кои се наоѓаат на територијата на Карпош, денеска го испочитуваа од компанијата ,,Лукоил,, кои донираа пет прочистувачи на воздухот за градинката ,,Пролет,, во населбата Влае. Овие прочистувачи на воздухот ќе покриваат пет занимални во градинката ,,Пролет,, а предвидено е еден прочистувач да биде наменет за просторија од околу 60 метри квадратни. После донацијата во објектот во населбата Козле, ова е втора донација за градинката од една општествено одговорна компанија.


Како што информираат од Општина Карпош досега со донации од неколку компании покриени се 30-40% од вкупните потреби за снабдување со прочистувачи за воздух во градинките и училиштата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.