Уште две градинки во Карпош опремени со прочистувачи на воздух

Општина Карпош

Најмладите жители на о. Карпош ќе дишат чист воздух, благодарение на општествено одговорните компании кои во неколку наврати донираат прочистувачи на воздух за градинките. Денеска 12 прочистувачи донираше Ротари клубот Скопје камен мост.

 

Ротари клубот „Скопје Камен Мост“ денеска донираше 12 прочистувачи за воздух, шест за градинката „Распеана Младост“ во Карпош 1 и шест за „Орце Николов“ во Карпош 4 со што комплетно се опремени уште две градинки во Карпош со прочистувачи за воздух.


Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, нагласи дека оваа акција, за донирање на прочистувачи за воздух покажува дека е можна соработка меѓу институциите и компаниите.


Претседателот на Ротари клубот Иван Новаковски истакна дека иако овие донации не го решаваат трајно изворот на загадувањето, сепак, времено го подобруваат квалитетот на воздухот кој го дишеме.


Тој најави дека Ротари клубот во следниот период ќе работи на подигнување на јавната свест кај најмладите, учениците од основните училишта и потребата од чист воздух и здрава животна средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.