Проект за поголема вклученост на граѓаните во локалните политики во Карпош

Општина Карпош

Со цел добивање повеќе мислења и сугестии од граѓани, експерти, организации, кои ќе бидат вметнати во секторски програми на општина Карпош во периодот на креирање на идните буџети, општината почнува да го спроведува проектот Хоризон 2020 во соработка со Инситутот за јавно здравје на Република Македонија. Со проектот ќе има поголема вклученост на граѓаните во локалните политики на Општина Карпош.


Општина Карпош е првата локална самоуправа во Град Скопје која ќе почне да го спроведува проектот Хоризон 2020 во соработка со Инситутот за јавно здравје на Република Македонија. Станува збор за проект кој овозможува зголемена вклученост на граѓаните и различните целни групи во креирање на локалните политики.


Од општината информираат дека за таа цел подготвен е Прашалник за здрава населба преку кој граѓаните, претставниците на формалните и неформалните здруженија ќе имаат можност да дадат мислење за најразлични прашања и тоа: квалитетот на живот во нивната населба, урбанистичкото планирање, нивото на хигиена, состојбата на улици, степенот на развиеност на локалната економија, безбедноста и одржувањето на населбата и други прашања од локално значење.


Со цел да се заокружи рамката за реализација на проектните активности, општина Карпош и Инситутот за јавно здравје на Република Македонија денеска склучија Меморандум за соработка.


Во претстојниот период ќе се договори и Оперативниот план за спроведување на проектот, со конкретни временски периоди на реализација, методолошки пристап и определување на други субјекти кои би биле вклучени во проектот, информираат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.