Општина Карпош ќе формира локален совет за превенција

Општина Карпош

Советниците од Општина Карпош донесоа одлука за формирање локален совет за превенција. Одлуката е донесена по презентација на претставник од Секторот за внатрешни работи-Скопје, за начинот на функционирање на советот за превенција.


Советот подразбира поголема координација меѓу СВР Скопје и секоја општина на територијата на Град Скопје за превенција на девијантни појави кои се санкционираат со закон. Во него може да членуваат граѓани, претставници од невладиниот сектор, советници од локалната самоуправа и претставници на институциите. За член на локалниот совет од Општина Карпош е избран советникот Владимир Станивуковиќ.


На осмата седница на Советот на Општина Карпош се прифати и Одлуката за донирање прочистувачи на воздух од страна на Друштвото за трговија " СМС ШОПС ДООЕЛ" експорт-импорт Скопје и од "Лукоил ". Советниците ги изгласаа и предлог-решенијата за разрешување и именување членови во управните одбори на градинките "Пролет", "Мајски цвет", "Распеана младост" и "Орце Николов".


На седницата се одобрија и финансиски средства за лекување жител на Општина Карпош во странство во вредност од 120.000 денари, а се даде и согласност за доделување ребраст пластифициран лим за покриви на семејства од социјален ризик.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.