За храбрите во позадина

Предавање за депортацијата на Евреите

По повод одбележувањето на 75-годишнината од депортацијата на Евреите во логорите на смртта во текот на Втората Светска војна, денеска во училиштето „ Петар Поп Арсов“, се одржа предавање на оваа тема.


Пред многубројни присутни, ученици, родители, директори на другите основни училишта од територијата на Општина Карпош, како и пред Горан Садикарио, директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, и Едвард Серота, директор на Институтот за еврејска историја „ Центропа“, со седиште во Виена, Австрија, беше промовиран документарниот филм „ Беаутифул пеопле“ ( Убави луѓе).


Во овој краток документарен приказ, се раскажува за луѓето, кои храбро и несебично им помагале на своите сограѓани Евреи да се спасат и да ги избегнат ужасите на концентрационите логори на смртта. Како што е познато, од историските записи и факти, преку 7.000 Евреи од територијата на Македонија биле насилно депортирани и испратени во логорите Аушвиц и Треблинка, на територијата на Полска, која тогаш била под окупација на нацистичка Германија.


Присутните, со пиетет и должна почит, го следеа овој настан, кој меморијално не потсети за ужасите, но и за храброста и пожртвуваноста на едни „ невидливи“ луѓе, кои, жртвувајќи го својот живот и животот на своите најблиски, се вклучиле во спасувањето на своите сограѓани- Евреи.


Ова училиште, петта година по ред, спроведува проекти во кои се презентира културата и историјата на еврејската заедница во Република Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.