38. крводарителна акција во Општина Карпош

Крводарителна акција во Карпош

Во Општина Карпош се одржа 38-та по ред крводарителна акција во која учествуваа околу 50 доброволци во дарување на најскапоцената течност.


Како што информираат од Општина Карпош на хуманите крводарители им се придружи и градоначалникот на Општината Стефан Богоев, кој освен што самиот даруваше крв, на најопстојните крводарители им врачи пригодни плакети и благодарници за нивната несебичност и хуманост.


Како што информираат од Општина Карпош, освен пригодните плакети и благодарници овие "крводарителски ветерани" добија и по една оригинално изработена слика од нашиот познат уметник Живко Поповски - Цветин, кој воедно е и првиот претседател на Црвениот крст на Република Македонија од осамостојувањето на државата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.