Започна акција за раззеленување на Карпош

Раззеленување на Карпош

Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, денеска најави голема акција за раззеленување на општината, во рамки на која ќе бидат засадени 113 нови висококвалитетни дрвја на територија на четири урбани заедници: “Владо Тасевски” (Млечен ресторан), “Тафталиџе 1” , “Карпош 1 “ и “Карпош 2” .

 

Ќе се засадат 49 листопадни дрва, јасени и ацери и 64 зимзелени дрвја, туи и кипарис.


Акцијата започна од Урбаната заедница “Владо Тасевски” (Млечен), каде што во близина на платото беа засадени дел од новите дрвја од страна на службите на Општина Карпош.

 

Акцијата за засадување на 113 нови дрвја чини 350.000 денари.


Исто така, во втората половина на април, Општина Карпош ќе спроведе координирана акција со Град Скопје и јавните претпријатија, за дополнително засадување на нови дрвја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.