ДЗР: Материјално-финансиското работење на Општина Карпош на најниско можно ниво

Стефан Богоев

Низа неправилности во материјално-финансиското работење во изминатите 4 години во Општина Карпош утврдил Државниот завод за ревизија во конечениот ревизорски извештај.

 

Долг од 18 милиони денари, неправилности во изградбата на новата адинистративна зграда и сегашните бараки на општината, како и ненаменско и неоправдано трошење на буџетските средства се само дел од неправилностите наведени во ревизорскиот извештај.

 

Со над 18 милиони евра главен долг плус долгови од дополнителни трошоци како што се адвокатски, нотарски, трошоци за извршители, е оптоварен Буџетот на Општина Карпош и е постигнат ефект на нерационално трошење на средствата, ова е наведено во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за материјално- финансиското работење на Општина Карпош во текот на изминатите 4 години. Градоначалникот на општината Стефан Богоев, денеска на прес конференција го презентираше извештајот и посочи дека истиот утрово бил доставен до Основното јавно обвинителство и до Управата за финансиска полиција.

 

Покрај долгот, во ревизорскиот извештај стои дека во 2014 година бил подигнат кредит од 2,6 милиони евра со намена за тековни инфраструктурни проекти, но ревизорскиот тим констатирал дека истиот е потрошен ненаменски, односно за плаќање на заостанати обврски. Исто така според извештајот постојат пропусти и во изградбата на новата општинска зграда и постоечките општински бараки. Имено, изградбата на новата зграда, која во моментов е стопирана е врз основа на проект кој не е одобрен од Советот на општината и без изменето одобрение за градба. Постоечките бараки, пак, во кои сега е сместена Општина Карпош се дивоградба, односно изградени се без одобрение за градба и без одлука на Совет. Градоначалникот Богоев истакна дека општината е подготвена да соработува со сите органи и институции со цел да се обезбедни законско работење во општината и да се врати во колосек.


Државниот завод за ревизија исто така забележал дека се доделувале средства на повеќе организации, здруженија на граѓани, поединци и правни лица кои не давале финансиски извештаи и фактури за начинот на кои ги трошеле овие средства, а меѓу локалната самоуправа и субјектите не се склучувале ниту договори во писмена форма. Извештајот завршува со тоа што ревизорскиот тим не изразува мислење, што значи дека финансиското работење на општината било на најниско можно ниво.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.