Сензорни соби за лица со посебни потреби во Општина Карпош

Општина Карпош

ОУ,, Димо Хаџи Димов,, во Општина Карпош ќе добие сензорна соба, а во еден од новите реонски базени во Карпош, ќе биде развиена и програма за часови по терапевтско пливање. Ова денеска беше истакнато на потпишувањето меморандум за соработка меѓу Општина Карпош и Здружението ,,Дајте ни кријла,,.

 

Поддршката за лицата со посебни потреби и подобрување на условите во кои живеат како еден од приоритетите на Општина Карпош, е целта на Меморандум за соработка меѓу Општина Карпош и Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ,,Дајте ни крилја,,.


Потписниците се обврзаа да имаат заеднички проекти во насока на заштита на децата и лицата со посебни потреби, унапредување на нивниот психофизички развој, социјализација и интегрирање во сите процеси. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека локалната самоуправа и претставниците на ,,Дајте ни крилја,, веќе разговарале за создавање на сензорни соби за децата со посебни потреби во основните училишта низ Карпош. Едно од училиштата кое ќе добие сензорна соба е ОУ ,,Димо Хаџи Димов,, кое е пример за образовна установа во поглед на успешната инклузија на лица со посебни потреби. Исто така, во еден од новите реонски базени во Карпош, ќе биде развиена и програмата за часови по терапевтско пливање.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.