Лични асистенти ќе им помагаат на учениците со посебни потреби од Карпош

Асистенти за ученици со посебни потреби

Општина Карпош, во учебната 2018/2019 година ќе ангажира лични асистенти за учениците со посебни потреби за сите десет основни училишта. Станува збор за лични и образовни асистенти кои ќе овозможат полесно следење на наставата и совладување на училишните обврски од страна на учениците со посебни потреби.


За реализација на овој проект градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев склучи меморандуми за соработка со директорките на сите десет основни училишта на територија на Карпош. Ангажираните асистенти ќе бидат невработени лица кои преку скратеното работно време ќе имаат можност да стекнат нови вештини и да излезат на пазарот на трудот.


Проектот за ангажирање на лични асистенти за учениците со посебни потреби е во соработка со Програмата за развој на Обединети нации (UNDP) , Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.