Во урбаните заедници на Општина Карпош граѓаните можат да пријавуваат проблеми

Општина Карпош

Општина Карпош се стреми кон поголема достапност и отвореност на општинската администрација. Општината ги потсетува своите граѓани дека постојано може да комуницираат со претставниците на Општината кои работат во просториите во урбаните заедници.

 

Станува збор за канцеларии на Општината кои се наоѓаат во непосредна близина на граѓаните, во нивните маала и населби. Како што информираат од Карпош граѓаните можат да пријават проблем, предложат идеја и да се информираат за активностите на локалната самоуправа во рамки на нивната урбана заедница.Сите забелешки и сугестии на дневно ниво пристигнуваат до раководството и секторите на Општина Карпош, со цел навремено да се постапи по истите и да се преземат активности за решавање на проблемите во сферата на хигиената и чистота во населбите, поставување на урбана опрема, одржување на зеленилото и слично, информираат од Општина Карпош.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.