Два случаи на ,,коксаки,, во градинката Пролет во Козле

Коксаки вирус

Надлежните медицински служби преку родителите, ја известиле детската градинка "Пролет" во Општина Карпош, дека две дечиња кои престојуваат во  нивната установа се заболени со вирус ,,коксаки,, информираат од општината.

 

По добиената информација Управата на градинката "Пролет"  веднаш го известила Центарот за јавно здравје, Одделението за епидемиологија, по што, е извршена дополнителна дезинфекција во групите  каде што престојуваат децата , како и во другите простории на објектот. Од Општина Карпош додаваат дека се преземени  сите мерки неопходни при  вакви случаи. Покрај тоа,  превентивно,  според Протоколот, медицинско лице - специјалист, изврши прегледи и врз останатите деца и е констатирано дека коксаки вирусот  не е проширен кај другите дечиња. Престојот во градинката се одвива без прекин, со вообичаената динамика, и без дополнителни препреки. Освен тоа,  во текот на изминатата недела, Општина Карпош спроведе тековна,  пролетна дезинфекција на сите градинки на територија на Општина Карпош.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.