Бидете хумани, дарувајте крв во Карпош

Крводарителска акција во Карпош

В понеделник на 21мај ќе се одржи голема хуманитарна крводарителска акција во организација на Општина Карпош.

 

Локалната самоуправа во соработка со општинскиот Црвен крст и Заводот за трансфузиологија на Македонија, оваа акција ќе ја спроведе на две локации: спортската сала во ООУ  Лазо Трповски, во населбата Карпош 3, како и во урбаната заедница Влае 1, истата ќе трае од 09:00 до 17:00 часот. Како што информираат од општината, Општина Карпош е позната како една од најхуманите Општини. Голем број граѓани, вработени во општинската администрација, вработени во општинските основни училишта и детски градинки, несебично даруваат крв на овие крводарителски акции и помагаат на оние на кои им е најпотребна. Од општината ги повикуваат сите граѓани на Карпош, и сите останати крводарители од Градот Скопје и Репубика Македонија, да ја покажат својата хуманост и да се вклучат со дарување на најскапоцената течност.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.