Практични решенија за проблемите на Млечен

Општина Карпош

Проект за еднонасочен сообраќај, со цел да се намали сообраќајниот метеж и тротоарите да се ослободат од возилата и да има безбедни зони за пешаците, реконструкцијата на улиците Римска и Атинска.


а исто така целосна реконструкција и проширирување на улицата Њуделхиска на која ќе биде поставена и нова атмосферска канализација, се дел од практичните решенија за проблемите на Млечен кои граѓаните и градоначланикот на Општина Карпош заеднички ги договорија.

 

Во урбаната заедница Владо Тасевски, Млечен ресторан вчеравечер се одржа уште една средба меѓу граѓаните од оваа населба со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставниците од Полициската станица Карпош и СВР Скопје.


Градоначалникот Богоев напомена дека многу скоро започнува реконструкцијата на улиците Римска и Атинска, со средства добиени од Светска банка, а исто така целосно ќе се реконструира и прошири улицата Њуделхиска на која ќе биде поставена и нова атмосферска канализација.


Сепак, долж овие и други сервисни улици веќе со години паркирањето претставува сериозен проблем.


Локалната самоуправа веќе подготви проект за еднонасочен сообраќај, со цел да се намали сообраќајниот метеж, а и тротоарите да се ослободат од возилата и да има безбедни зони за пешаците.


Токму од оваа урбана заедница, пред два месеци, започна и зелената офанзива во Карпош, во која што се засадија 155 висококвалитетни дрвја во повеќе урбани заедници.


Дополнително се зголеми зеленилото на платоата на Млечен и на Педагошка, а Богоев најави и започнување со реконструкција на спортските игралишта за фудбал и кошарка во основното училиште Војдан Чернодрински.


Граѓаните наведоа повеќе проблеми кои се однесуваат на јавниот ред и мир и поставувањето на урбаната опрема од страна на угостителските објекти.


Претставниците од ПС Карпош се понудија на целосно располагање на граѓаните и се договорија за заеднички патроли на покритичните места.


Исто така, ќе се интезивираат теренските контроли врз оние објекти кои не ги почитуваат правилата за поставување на урбана опрема, а Богоев нагласи дека во Градот Скопје се подготвува и нов Правилник за целосно справување со субјектите кои го узурпираат јавниот простор.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.