All for Joomla All for Webmasters

Во Брисел награден проект од Карпош

 

На фестивалот STEM Discovery Week 2018 – Недела за промоција на природните науки, кој се одржа викендов од 22 до 24 јуни во Брисел, Белгија, проектот на Креативен центар Карпош и ООУ „Јан Амос Коменски“, „It is COOl to be STEM“ беше еден од наградените од фестивалот.

 

На фестивалот STEM Discovery Week 2018 – Недела за промоција на природните науки, кој се одржа викендов од 22 до 24 јуни во Брисел, Белгија, проектот на Креативен центар Карпош и ООУ „Јан Амос Коменски“, „It is COOl to be STEM“ беше еден од наградените од фестивалот.

Минатиот викенд, во Брисел се одржа и 23-тата работилница „Училница на иднината“.

Карпошовиот проект „It is COOl to be STEM“ е награден од страна на Scientix, при што беа доделени наградите за најуспешните проекти организирани за време на STEM Discovery Week 2018 во која кампања, покрај Креативен центар Карпош учествуваше и ООУ „Јан Амос Коменски“. На европско ниво во рамките на оваа кампања беа организирани околу 800 активности од 40 држави.

За време на петдневниот фестивал од 23-27.04.2018 беа организирани шест работилници во кои беа опфатени 150 ученика од III –IX одделение од десетте основни училишта од Карпош. Одговорна за реализацијата на активностите беше наставничката Александра Блажевска, која воедно е и Scientix Ambassador и претседател на Креативен Центар Карпош.

Оваа награда е уште една потврда дека во Карпош образованието е на исклучително високо ниво, што го покажува фактот дека на фестивалот беше препознаен квалитетот на проектот кој е и единствен награден од Македонија, велат од општината.

 

 

 

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.