Нова фитнес зона во Карпош

 

На Кејот на реката Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, денеска беше поставена нова фитнес зона, уште едно спортско катче во Општина Карпош.

При промовирањето на фитнес зоната, градоначалникот на општина Карпош нагласи дека внимателно ја избрале локацијата, која е симбол за спорт и рекреација во градот.

 

 

Градоначалникот напомена дека на оваа локација, од Алпинистичката карпа до бунарите на реката Вардар, ќе биде изграден и новиот парк кој дополнително ќе го оплемени просторот, со ново зеленило и содржини, како и парк за миленици, така што, целиот комплекс покрај Вардар, во овој дел на Кејот ќе биде исклучително атрактивна рекреативна зона во Карпош, меѓу најдобрите, ако не и најдобра во Град Скопје и во државата.

 

 

Оваа фитнес зона е донација од компанијата „Бимилк“, од каде што потенцираат дека целта на зоната е да го поттикне здравиот начин на живот и на директен начин да придонесе за зголемување на физичките активности на граѓаните.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.