Граѓаните на Карпош од септември ќе добиваат попусти од 230 правни субјекти во општината

Проектот ,,Мој Карпош - Моја картичка,, Општина Карпош ќе започне да го спроведува од втората половина на септември оваа година.

 

Во рамки на овој проект вкупно 230 бизниси изразија интерес да дадат попусти и бенефиции на граѓаните на Карпош во одредени денови или периоди од денот.

 

Целта на проектот е да се раздвижи економијата на локално ниво, граѓаните да купуваат и да користат услуги по пониски цени, а фирмите да имаат поголема посетеност и поголема добивка. Градоначалникот Богоев најави дека ќе биде изработена веб страна со регистар на фирми, а ќе се развие и мобилна апликација за електронско користење на картичката.

 

Од Општина Карпош информираат дека во текот на летниот период ќе бидат склучени и меморандуми за соработка меѓу општината и сите субјекти со цел да се регулираат правата и обврските и да се конкретизираат бенефитите што ќе ги понудат бизнисите.

 

Сопствениците на бизниси во Карпош очекуваат дека ова ќе наиде на голем интерес од граѓаните кои ќе имаат многу поволности.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.