Почна Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески

Во Општина Карпош почна десетиот Меморијален турнир во мал фудбал во чест на нашата музичка легенда Тоше Проески, а за првпат од оваа година турнирот доби и меѓународен карактер.

 

На турнирот, како што информираат од Општина Карпош, ќе се  одиграат натпреварите меѓу екипите од Македонија, Хрватска, Грција и Албанија.

На отворањето на турнирот, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев говореше за значењето на оваа спортска манифестација.

 

-Тоше беше и сé уште е нашата најголема музичка ѕвезда. Уметник кој беше пример за сите генерации. Личност која сите го сакаа, а неговата хуманост и солидарност секогаш беа во преден план. Нашата обврска денеска е да го негуваме неговото дело. Преку ваков вид на спортски настани да се потсетиме на вредностите кои Тоше ги споделуваше, на фер плејот, спортскиот дух, позитивната енергија, рече Богоев.

 

На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Нова Градишка, Винко Гргиќ, како и претставници од оваа хрватска општина каде што Тоше трагично го загуби својот живот.

 

Сепак, овој турнир е добра потврда за унапредување на соработката меѓу Карпош и Нова Градишка. Токму ликот и делото на Тоше Проески и денеска придонесуваат да се прави мост на соработка меѓу различни култури и држави.

 

Натпреварите ќе се одиграат во текот на викендот и сите заинтересирани граѓани имаат можност да ги проследат.

 

Главен покровител на турнирот е Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.