Општина Кисела Вода апелира за превенција од пожари

Општина Кисела Вода

Поради високите температури и зголемен ризик од пожари на отворено, Општина Кисела Вода апелира до граѓаните сопственици на неизградено земјиште кое е обраснато со треба истото да го уредат за да се спречи појава на пожар.

 

Општина Кисела Вода апелира до сопствениците на неизградено градежно земјиште, кое па пат на денационализација им е вратено, а е со видливо нарасната тревна вегетација, да го уредат, да ги искосат нараснатите тревни површини, се со цел да се спречат несакани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за околината. Општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и укажува дека одговорноста за имотот кој е во приватна сопственост е на самиот сопственик. Воедно, упатуваат повик и до сите останати жители и сопственици на приватен имот, каде што општината нема ингеренции да интервенира, за совесно однесување, одржување на својот двор и плац и превентивно делување во насока на заштита од пожари.


Со цел да се намали ризикот од пожар на отворен простор, апелираат и за внимателно однесување во рекреативните центри на отворено.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.