Реконструкција на градинката „Сончоглед" во Кисела Вода

Градинка „Сончоглед"

Општина Кисела Вода информира дека се реконструира градинката „Сончоглед“ на улицата „Локов“, која е дел од Јавната детска градинка „Весели цветови“.


Реконструкцијата на градинката, која изнесува околу 900.000 денари, опфаќа промена на ламинатот на површина од 800 метри квадратни, внатрешно молерисување на објектот, отстранување на старата ламперија и поставување гипс-картон.


Општина Кисела Вода соопшти дека ова е прва фаза од целосната реконструкција на објектот, кој датира од 1975 година и во кој досега немало покрупен реконструктивен зафат. Втората фаза од реновирањето ќе се реализира до крајот на 2017 година и ќе опфати санација на тоалетите. Третата фаза ќе се реализира во 2018 година и ќе опфати реновирање на делот со јаслите, промена на прозорците и ламинатот.

 

Со реконструкцијата ќе се подобрат условите за згрижување на околу 260 деца.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.