Реконструкција на подот на спортска сала во ООУ „Кирил Пејчиновиќ"

ООУ „Кирил Пејчиновиќ"

Денеска започна да се реконструира подот на спортската сала во ОУ Кирил Пејчиновиќ, со што 900 ученици ќе имаат подобри услови за изведување на активностите предвидено за часовите по физичко воспитување.

 

Започна реконструкцијата на подот на спортската сала во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, во општина Кисела вода. Со реконструкцијата предвидено е да се изврши поставување бетонска плоча, а дотраениот под да биде заменет со нов. Се работи за градежни зафати на површина од 440 метри квадратни, во вредност од околу 2 милиона денари.


Претходно во ова училиште биле заменети сите прозорци а исто така биле реконструирани и дел од тоалетите.


Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ настава следат околу 900 ученици.


Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска изврши увид во градежните работи и истакна дека по реконструкцијата учениците ќе имаат подобри услови за часовите по физичко воспитување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.