Темелковски ја презеде градоначалничката функција во Кисела Вода

Општина Кисела Вода

Филип Темелковски денеска ја презеде функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода од Билјана Беличанец Алексиќ која раководеше со овој дел од градот во изминатите четири години. 


По доделувањето на Уверението од страна на Општинската изборна комисија, Темелковски и Алексиќ имаа заедничка средба.


Во своето обраќање при подигнувањето на Уверението Темелковски ги потенцира своите приоритети кои, како што најави, ќе бидат исклучиво во интерес на граѓаните.


- Ќе работиме во интерес на сите граѓани и се надевам дека ќе имаме консензус со сите членови на Советот и заедно ќе покажеме како може да се развива Кисела Вода, истакна градоначалникот. 


Општинската изборна комисија денеска им ги врачи решенијата и на новите советници на Советот на Општина Кисела Вода. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.