Конституиран Советот на Кисела Вода, претседател Дарио Шимиќ

Совет на Кисела Вода

Општина Кисела вода денеска го доби новиот претседател на советот на општината, Дарио Симиќ, од редовите на СДСМ. Градоначалникот на општината, на конститутивната седница, потврди дека општината ќе работи во корист на сите граѓани на општина Кисела вода.

 

Советот на општина Кисела Вода денеска ја одржа  конститутивната седница, на која беа верификувани мандатите на 23-та нови советници и беше избран претседател на Советот Дарио Шимиќ од редовит на СДСМ.


Шимиќ, како што изјави, очекува успешна соработка со сите членови на Советот од сите политички партии, во интерес на сите граѓани.


Новиот Совет го сочинуваат 12 членови од коалцијата предводена од СДСМ и 11 од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 


На конститутивната седница се обрати и градоначалникот Филип Темелковски кој очекува добра соработка со Советот во интерес на сите граѓани на Општина Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.