Дел од општина Кисела Вода утре без вода

Дел од Кисела Вода без вода

Корисниците од улиците „Виктор Иго“, „Драга Стојановска“ и „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.


Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е  изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Виктор Иго бб“.


Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ не завршат со работата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.