Градоначалникот на Кисела Вода се сретна со кинеската амбасадорка

Темелковски на средба со Ликсиан

Градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски денеска оствари средба со амбасадорот на НР Кина во Република Македонија Јин Ликсиан на која е дискутирано за продлабочување на соработката во повеќе области.


Општина Кисела Вода соопшти дека на средбата градоначалникот Темелковски ја запознал амбасадорката за планираните проекти од кои дел се во соработка со Градот Скопје кои имаат за цел да ги подобрат условите за живеење на жителите во овој дел на градот.


Амбасадорката изразила интерес за функционирањето  на градинките и училиштата, бидејќи и претходно НР Кина и Општина Кисела Вода имаат соработка во областа на образованието.


Градоначалникот Темелковски ја изрази својата благодарност за придонесот на НР Кина, од што произлезе, новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ „Рајко Жинзифов“, симбол на кинеско-македонското пријателство”.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.