Општина Кисела Вода ќе донира дрва за огрев за сиромашните

Донирање огрев за сиромашните

Општина Кисела вода донесе одлука за донирање на дрва за огрев на еднородителските семејства и семејствата приматели на социјална помош. Од денеска во наредните пет работни дена заинтересираните ќе имаат можност да аплицираат за дрва во месните и урбаните заедници во општината, каде што ќе можат и да се информираат околу потребната документација.


Како што информираше градоначалникот на општината, Филип Темелковски, за оваа намена издвоени се еден милион денари, со што ќе се обезбедат околу 360 метри кубни дрва.


Рокот за поднесување на барањето со потребната документација е најдоцна до 15 јануари до 16.30 часот, во архивата на Општина Кисела Вода секој работен ден од 8.30 часот до 16.30 часот. Дополнителен критериум на доделување на огревното дрво за барателите кои ги исполниле погоренаведените критериуми е „прв дојден – прв услужен“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.