Општина Кисела вода собра 7 тони смет

Расчистување смет во Кисела Вода

Продолжува акцијата на локалната самоуправа за расчистување на сметот во општина Кисела Вода.


Во состав на планираните активности на Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, во текот на вчерашниот и денешниот ден се работеше на отстранување на сметот акумулиран, пред се, на блоковското зеленило, локации кои генерално се во надлежност на заедниците на сопственици на станари кои од Општината побараа да им излезе во пресрет и да им помогне во расчистувањето.


Се чистеше во урбаните заедници 11 Октомври Бараки и Драчево каде беа собрани вкупно 7 тони смет. Акцијата продолжува на целата територија на Општина Кисела Вода. Утре ќе се чисти во 11 Октомври згради, каде ќе бидат ангажирани 35 сезонски работници.


Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.