Во општина Кисела Вода собрани 30 тони смет

Собрани 30 тони смет во Кисела Вода

Триесет тони смет е собран на територија на општина Кисела Вода во акцијата за расчистување на тревните површини, парковите и улиците.


Од општина Кисела Вода информираат дека во акцијата оваа работна недела извршено е расчистување на сметот и во месните заедници Припор и Пинтија, каде е собран околу четири тони смет. Денеска акцијата се спроведува во УЗ „Бирарија“.


Во акцијата се склучени преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита сезонски работници и еден камион.


Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи со секојдневни активности за расчистување на својата територија преку кои ќе дава придонес за почиста и поздрава животна средина. Локалната самоуправа апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за Јавна чистота.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.