Обуки за дијабет, за негователките во градинките во Кисела вода

Обуки за дијабет во градинките

Општина Кисела вода во соработка со Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија-Баланс МК, го започна проектот за едукација на воспитно-згрижувачкиот персонал во детските градинки на територијата на општината. Едукативниот проект е веќе во тек, а со него предвидено е да се опфатат 150 воспитувачки и негователки од вкупно 13 објекти на градинките во Кисела вода.


Идејата за еден ваков, благороден проект потекнува од мотивот за поголема грижа на најмалите, односно децата кои престојуваат во градинките. Со обуките, персоналот во градинките ќе стекне основни познавања на кој начин правилно треба да постапува со дечињата дијабетичари, каква храна и колку количински треба дневно да се најде на нивното мени, и како да реагираат во случај на хипергликемија.

 

Наташа, која и самата е родител на шестгодишно дете со дијабетес тип 1, вели дека многу често од градинката каде престојува нејзиното дете добива алармантни телефонски повици, секогаш кога се појавува проблем, кој персоналот не е обучен да го реши.

 

Градоначалникот на општина Кисела вода, Филип Темелковски, нагласи дека општината во буџетот за 2018 година има издвоени средства за обезбедување медицински персонал во градинките, што според него е од исклушително значење на здравјето и добрата состојба на дечињата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.