Литературен конкурс за основците од општина Кисела Вода по повод Националниот ден на Унгарците

Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода заедно со Унгарската амбасада и Здружението на Унгарците во Македонија и годинава ќе го одбележат Националниот ден на унгарскиот народ - 15 март. По тој повод во основните училишта на територија на општина Кисела Вода е распишан конкурс на две теми. „Животот и делото на Шандор Петефи“ и „Унгарската национaлно-ослободителна војна и буржоаска револуција 1848-1849“. 


Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од основните училишта во општина Кисела Вода кои имаат наполнето 10 години. Изработените трудови може да бидат во форма на есеи, раскази, поезија или во вид на видео презентација со придружен текст, а ќе ги оценува комисија од општина Кисела Вода. Крајниот рок за нивно доставување е 12 март 2018 година.


За најдобрите учесници на конкурсот се обезбедени награди. За двете освоени први места, во секоја од зададените теми, од Амбасадата на Унгарија во Македонија и Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“, предвидена е деветдневна екскурзија во Унгарија, која треба да се реализира од 2 до 11 јули годинава.


Најдобрите трудови ќе бидат јавно прочитани на свеченоста по повод Националниот ден на Унгарците, која ќе се одржи на 16 март пред спомен-плочата на големиот унгарски поет и револуционер Шандор Петефи во населбата Драчево.


Општина Кисела Вода информира дека ова е само еден од проектите што биле договорени на неодамнешната средба на градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.