Заврши пролетната дератизација во Кисела Вода

Дератизација во Кисела Вода

3.863 шахти во Општина Кисела Вода беа опфатени во пролетната дератизација во оваа општина која се одвиваше во изминатите 20 дена.

 

Во Општина Кисела Вода заврши редовната пролетна дератизација која изминатите 20-тина дена се одвиваше на нејзина територија.


Постапката за уништување на глодарите опфати 3.863 шахти и во урбаниот и во руралниот дел на општината.


Дератизацијата ја спроведе приватна фирма во соработка со ЈП Водовод и канализација, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина.


Локалната самоуправа на Кисела Вода организира вакви акции двапати годишно, на пролет и есен.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.