Едукативна посета на ученици од Дуња и Кепески во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода

Ученици од основните училишта „Невена Георгиева Дуња“ и „Круме Кепески“ денеска остварија едукативна средба во општина Кисела Вода, каде се сретнаа со градоначалникот Филип Темелковски.


Како што соопштија од општината,  Темелковски ги запознал учениците со функционирањето на локалната самоуправа, им објасни за работата на  администрацијата  и секторите преку кои се преземаат активности за подобрување на условите за живот. Учениците се запознаа и со работата на Советот на општина Кисела Вода.


Покрај ова, Темелковски на дечињата им даде можност да поставуваат прашања, на кои добија одговори за идните планови и проекти на општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.