Се косат нараснатите тревни површини во општина Кисела Вода

Kосење тревa во Кисела Вода

Акција за косење и расчистување на тревните површини денеска почна да се спроведува низ општина Кисела Вода.


Преку Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, ангажирани се сезонски работници кои рачно и со тримери денеска работат на просторот покрај трим патеката и во други делови на населбата 11 Октомври, како и во Бирарија, Црниче, Пржино и Драчево.


- Акцијата за косење на нараснатата тревна вегетација интензивно ќе продолжи и во наредниот период. Ќе се изведува низ сите останати урбани и месни заедници ширум општината, секаде каде што ќе има потреба, информира општина Кисела Вода.


Во насока на отстранување на опасноста од пожари, општина Кисела Вода апелира до сопствениците на дворови, ниви и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост да ги искосат нараснатите тревни површини и израснатите грмушкасти растенија. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.